По повод 490 години од првото спомување на Куманово како населено место и 65 години од ослободувањето Кумановно беше организирана вечер на која им се одаде пиетет на петмината највпечатливи кумановци на 20-тиот век. Повеќе ».....
СЕ ВГРАДИЈА ВО КУМАНОВСКАТА ВЕЧНОСТКон крајот на 2003 година, во Друштвото за наука и култура “Парадигма “од Куманово, посебно формиран Одбор за избор на најзначајните Кумановци на XIX и ХХ век, кој работеше на избор на најдобрите/највлијателните луѓе на овој град во споменатиот период. Во Одборот одлучуваа луѓе кои пред се` беа компетентни за еден ваков избор, луѓе од најразлични професии кои ги познаваа приликите и можеа да одговорат на сериозната обврска која пред нив беше поставена. Членови на Одборот го сочинуваа: д-р Владимир Митиќ, лекар Миодраг Арсовски-Болто, историчар Никола Спиридоновски, правник Нада Ивановска, профессор, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ,научен советник Благоја Ангеловски, државен службеник во пензија, Методија Бојковски-Мошо, правник Бранислав Трајковски, музичар во пензија, м-р Звонинмир Николовски, историчар на уметност и Димитар Масевски, историчар и претседател на ДНК “Парадигма”од Куманово.
Од една широка лепеза на мошне успешни луѓе која се протегаше од илинденските бранувања во 1903 година па до денес, членовите на овој Одбор, за петте Кумановци кои го означија ХХ век, својот глас го дадоа за :
- Васил Иљоски, - за неповторливата “Ленче Кумановче” која го овековечи иметоа на Куманово.;
- инг. Владимир Антонов - Рус Белогардеец кој во 1925 година беше избран за општински ионженер за имплементација на првиот Регулационен план на Куманово донесен 1923 година и архитектонското дело и зданијата кои го остави на градот
- Трајко Прокопиев, за шесте “Кумановки” и вкупното творечко дело, фундамент на македонската музичка култура;
- Христијан Карпош - за бунтовноста и чесноста, синоним на кумановскиот дух низ вековите; и
- Салтир Путински - за неисцрпната енергија која што ја поседуваше и ја подари на својот град и Македонија, за водоснабдувањето на градот, изградба на железничката пруга до Бељаковце, за многубројните геолошки истражуванја и удирање на темелите на неговата индустрија .
Во плејадата на значајни кумановци кои оставија белег на своето време, меѓу кои беа: д-р Лазар Соколов, економист и правник, еден од членовите на АНОК и Президиумот на АСНОМ, врвен автор за стопанската историја на Македонија и на кумановскиот крај ; Панче Пешев, револуционер и композитор, автор на познатиот “Марш на Третата македонска ударна бригада” ; единствениот жив Народен херој на Куманово, легендарната Мара Нацева; Драгутин Аврамовски-Гуте, академски сликар и основоположник на графиката во Македонија; кондураџијата Коста Дајлев, претседател на комунистичката црвена општина Куманово во 1920 година и долгогодишен претседател на Занаетчискиот еснаф за град Куманово и околија Жеглиговска, еден од најзаслужните за изградба на Занаетчискиот дом во Куманово; прославените команданти на НОП единици Боро Менков, Љубомир Здравковски - Гачо, Доне Божинов; успешните раководители на Општината Куманово Ездимир Богдански, еден мандат и Претседател на Претседателството на СРМ и Методи Петровски; дипломатот Трајко Липковски-Мачек; општествено политичкиот деец Хамид Таки; директорите на ФЗЦ “11 Октомври” Михајло Мургешански и Милован Петрушевски, на Тутунскиот комбинат Бранко Младеновски и Владимир Стојковски-Лале на “Агрокуманово”; познатите кумановски лекари, хирургот Борче Доцевски-Бирбаш, и патофизиологот Борислав Каранфилски , врвните универзитетски професори, математичарот, Трајко Георгиевски - Д’рф и професорот на Градежниот факултет, прв доктор на технички науки во Македонија, Јордан Миладинов; дописниот член на Чешката академија на науките , проф.д-р Роса Давидовска-Мусалек; експертот на ООН, проф.др по земјоделски и природно математички науки Бора Чумливски; историчарите д-р Славко Димовски и д-р Ацо Стојановски; филозофот д-р Сефедин Сулејмани; писателите Венко Андоновски , Драган Марковиќ и Столе Максимовски; извонредниот телевизиски режисер на Хрватската телевизија, Ангел Миладинов и композиторот Петар Пешев; артистите Ѓоко Николовски, Момир Христовски, Љубица Гојковиќ и Лилјана Георгиевска; ликовните уметници Трајче Јанчевски и Кирил Караџа; легендарниото крило на КСК и фудбалер кој заигра во црно белиот дрес на белградскиот “Партизан”, Бранко Шутевски; прославените боксери на Куманово кои освоија олимписки медалји на Олимпијадите во Лос Анџелос и Монтреал, Аце Русевски и Реџеп Реџеповски; новинарот Петар Трајковски и многу други успешни и вредни Кумановци, - Одборот се одлучи за горе споменатите пет Кумановци кои своето дело, најнепосредно го врзаа за Куманово и се вградија во битието на градот.
За личност на XIX век, поради скудноста на податоци, Одборот се определи само за еден и тоа за Иконом Димитрија, владикин преставник- епитроп во Куманово од 1832 до 1880 година и прв христијанин, член Меџлисот во Куманово по Ѓулханскиот хатишериф од 1839 година, личност за која се врзуваа бројни настани од периодот на турското ропство.
Автор на на Вечерта за петмината највпечатливи кумановци на 20 век и документарецот беше Димитар Масевски.
Подолу краток фото запис од вечерта:
1.
2. Плакетата наменета за Христијан Тодоровски Карпош отиде во рацете на неговиот внук Владимир Тодоровски
3. Плакетата наменета за Васил Иљовски отиде во рацете на неговиот син Мирослав Илјоски
4. Плакетата наменета за Салтир Путински отиде во рацете на неговата керка Лилјана Путинска Саздова
5.
6. Плакетата наменета за Трајко Прокопиев отиде во рацете на снаата на Трајко Виолета Прокоииева
7. Плакетата наменета за Владимир Антонов отде во рацете на Саша Поповик, син на балд'зата на Антонов, Евгенија Подгороцки
8.
9. Во име на сите лауреати се заблагодари синот на Васил Иљовски
10. Настанот го поздрави со посебен поклон слика нашиот овогодишен предлог за добивање на Нобелова награда за мир Живко А. Поповски-Цветин
11. Дел од перформансот на млада танчерска група
12. Шлаг на вечерта беше изведбата на делови од пиесата Ленче Кумановче, сцената мегу Досе и Донка ја играа Горан и Кети Дончева Илиќ ...
13.
14.
15.
16.
17.
Моја подршка на настанот беа два поста (прв и втор) со кои јас сакав да го увеличам настанот. Тука само неколку фотографии. Повеќе фотки од Куманово одгледајте на горните два линка.
18.
19.
20.
21.
22.
23.
24.
25.
26.
27.
28.
29.
30.
31.
32.
SEGA MISLAM DEKA VOOPSTO NE ZIVEAM VO KUMANOVO. KOGA GO GLEDAM SO VASI OCI VSUSNOST VASIOT FOTOAPARAT NASETO KUMANOVO SI VELAM: LELE,LELE KOLKU E UBAVO OVA KUMANOVO!LENA
ReplyDelete