Редакцијата на списанието “Корени” го распишува шестиот, традиционален мартовски конкурс посветен на есејот со тема “БАЛКАН КАКО МЕТАФОРА“. Тема на овогодишниот Конкурс, посветена на есеите, е ридестиот Балкан со сите атрибути кои ги следат низ времињата. Авторите можат да изберат тема и со неа се претстават пред редакцијата, односно Комисијата која ќе ги оценува и валоризира пријавените трудови. Постојана тема на конкурсот и годинава е виното.
Конкурсот трае до 10 април 2011 година. Материјалите во електронска форма ( ЦД, или по електронска пошта) да се достават до Редакцијата на “Корени”, ул. Христијан Карпош бр. 2- Куманово или на е-маил: imasevski@yahoo.com. Авторите своите есеи можат да ги достават на македонски јазик, или на јазикот на кој творат .
Редакцијата наградува три труда со парична награда, во категорија возрасни, и три труда, со посебни признанија, во категорија на млади есеисти.
Поголемиот број од пристигнатите есеи редакцијата ќе ги објави во списанието “Корени”, а наградите ќе бидат доделени на традиционалната ВЕЧЕР СО БОЈА НА ВИНО.