Monday, November 30, 2009

Манастир Забел (радост и тага), Мала Богородица - Рождество на Пресвета Богородица ...


сл.1 - Пресвета Богородица Манастир Забел Старо Нагоричане

Со името на Пресвета Богородица се одбележани многу наши цркви и манастири. Едните го носат народно името на “Голема Богородица“ (Успение на Пресвета Богородица ...) - се прославува секогаш на 28 Август ... другите во чест на Рождество на Пресвета Богородица го носат народското име “Мала Богородица“ - се прославува секогаш на 21 Септември ...За името на Пресвета богородица се врзуваат и други свети датуми како Воведение во Храмот на Пресвета Богородица ... Покров на Пресвета Богородица ... Свето Благовештение ...               Повеќе ».....


Фото записот кој следи е посветен на радоста и тагата на прославувањето на манастирските празници посветени на Пресвета Богородица, кои во Манастирот Забел Старо Нагоричане се прославуваат секоја година со присаство на многу луѓе кои доаѓаат од околните села но и пошироко. Радоста се подразбира секојпат кога празнично ке се соберат и стари и млади, со народна веселба славејки го празникот - тагата произлегува од запуштената на манастирските конаци во кои некојпат се организирал монашкиот живот, но и отпорот против долгото турско владеење. Конаците не само што се запуштени туку се и опасност за бројните посетители. Да оставам да зборуваат сликите ...

Сл.2

Сл.3

Сл.4

Сл.5

Сл.6

Сл.7

Сл.8

Сл.9

Сл.10

Сл.11

Сл.12

Сл.13


Сл.14 и 15

Сл.16

Сл.17

Сл.18
Црквата е иконописана од нашиот познат мајстор Дичо Зограф ... Досега на двапати се крадени четирте најголеми икони. По првиот пат крадците се фатени на граница и иконите се вратени во манастирот. За жал вториот пат крадците беа поуспешни. На нивно место моментално стојат реплики.


Сл.19 и 20


Сл.21 и 22

Сл.23

Сл.24

Сл.25 и 26
Манастирскиот комплекс е на прекрасно осамено место покрај малата река Серава. Направен е и предлог план за мала акумулација која ке значи голема туристичка промоција на овој крај, како место со недопрена природа и прекрасен манастир ...
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/MapazaZabelsobrojkiLarge.jpg?t=1219949798
Мапа за проектирана насипна брана “Серава-Забел“ ...
клик на мапата за поголема ...
  1. Старо Нагоричане
  2. Никуљане
  3. Челопек
  4. Бања Стрновац
  5. Манастир Забел
  6. Вештачко езеро “Серава-Забел“ ...
  7. Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане
  8. Селски гробишта Старо Нагоричане ...
Акумулацијата или вештачкото езеро “Серава-Забел“ ... треба да ги има овие карактеристики:
  • Површина на слив: 30 км 2 ...
  • Зафатнина на акумулацијата 0.7 - 1.0 х 10 на шеста м3 ...
  • Висина на браната 18 до 20 метри ...
  • Должина на круна 180 метри ...
  • Должина на акумулација 1000 метри ...
  • Оваа акумулација би била повеќенаменска, за обезбедување на квалитетна санитарна вода и вода за стопански цели за наводнување ...
  1. Голема Богородица - Успение на Пресвета Богородица ... Забел - Старо Нагоричане ... Golema Bogorodica ... Zabel
  2. Mанастир Забел с. Старо Нагоричане
  3. Мотокрос Забел Старо Нагоричане, дојдете да уживаме заедно ...
  4. Мото Крос Забел ... Moto Kros Zabel 2009 ... фото и видео
  5. Старо Нагоричaне ... Staro Nagoričane - фото и видео
  6. СТАРО НАГОРИЧАНЕ - моето родно село ...
  7. св. Ѓорѓи - Старо Нагоричане ... sv. Đorđi Staro Nagoričane ... св. Ђорђи Старо Нагоричане ... sv. Djordji Staro Nagoricane ...
  8. БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane
  9. Како до БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane
  10. Бања што лечи рѓу ...
  11. Бања Стрновац - Старо Нагоричане

2 comments:

  1. Преубаво место ама жалосно е за нашата негрижа за ова духовно богатство, Господ да помогни да заживее овој Манастир како во минатото, толку тежок живот живееле нашите предци ама никогаш не ги запоставувале Црквите и Манастирите, а сега како се живее и во каква состојба се наоѓаат. Случајно пред 5 години се најдов на ова место и останав без зборови ова место изобилива со благодат, ама и се ужаснав од состојбата на конаците.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Zabel / Serava / Banja Strnovac = staza mog detinjstva.

      Delete

Blog Archive

About Me

Followers

Site Meter