ПРВИТЕ КУМАНОВСКИ ФОТОГРАФИ И ФИЛМСКИ СНИМАТЕЛИ
СО ПОТПИС НА СИФРИД МИЛАДИНОВ
ДРУШТВО ЗА НАУКА И КУЛТУРА “ПАРАДИГМА”
КУМАНОВО
КУМАНОВО
НЕКОГАШ НЕШТАТА НЕ БЕА КАКО ДЕНЕШНИТЕ, НАСЕКАДЕ, ПА И ВО КУМАНОВО. ПРОМЕНИТЕ БЕА СЕОПФАТНИ И ВО КОНТИНУИТЕТ. СЕ МЕНУВАШЕ ЛИКОТ И ПРОСТОРНАТА ПОСТАВЕНОСТ НА ГРАДОТ. СТАРОТО ВО НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ПОВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ. ЕДИНСТВЕНО ПОЖОЛТЕНИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД СТАРИТЕ СЕМЕЈНИ АЛБУМИ НЕ ПОТСЕТУВААТ НА ОНА ШТО БЕШЕ МИНАТО И НЕЗАБОРАВ. АВТОРИТЕ НА ТИЕ ФОТОГРАФИИ СЕ ПОЗНАТИ СТАРИ КУМАНОВСКИ ФОТОГРАФИ, КОИ СО СВОЕТО МАЈСТОРСТВО ОСТАВИЈА ВИДЛИВО ТРАГИ ЗА МИНАТОТО. ОВА Е ПРИКАЗНА ЗА ЕДЕН ОД НИВ... Повеќе ».....
Како и да се земе кумановската фотографија главно се врзува за две личности кои ги удриле темелите на оваа дејност. Првата е на Георги Малински, сигурно основоположник на дејноста, една од најпрестижните личности на Куманово во почетокот на 20-тиот век, трговец, фотограф, фото репортер на "Илустрирани лист"од Белград, агент на Кредит-информ банката од Белград и се разбира прв есперантис на Балканот. Малински е роден 1878 година во Куманово, занаетот во почетокиот на векот го изучувал во Виена, извесен период работел во Тетово (1913-1919) и во Париз за да од 1922 година со семејството се врати во родниот град и сé до 1951 година ја обавува оваа дејност. Официјално, како што е запишано, Георги Малински во занаетот и во својот дуќан "Фото Марс " е од 1903 до 1951 година. Вториот кумановец кој одиграл важна ролја во развојот на оваа дејност во градот, но и во Македонија и на кого оваа изложба е посветена е Сифрид Трајковски-Миладинов. Роден е во 1895 година во Куманово во семејството на Трајко и Лена, инаку родена сестра на Георги Малински. Занаетот, кај својот вујко Малински и кај него го изучувале и помладите браќа на Сифрид: Методи и Мико. За разлика од својот вујко кој се занимавал со фотографија која денес покрај ликовнофотографската вредност има и историско и етнолошко значење, посебно неговите фотографии на мотиви од градови, настани и луѓе, Сифридовите фотографии се повеќето студиски, со различен формат, обично 50 х 6о см, со користење на сув жиг на ателјето и фотографот.
Неговото фотографско ателје "Фото Јупитер" се сметало за едно од најсовремените во тој период. Тој во Куманово самостојно се бави со занаетот од 1919 година, од 1923 година е член на Занаетчиското здружение на Куманово, од 1937 година отвора свое ателје во Скопје, а од 1947 година заминува со Сопругата Надежда и синот Ангел за Пореч, а потоа во Загреб, што каде на Месникова улица отвора свое ателје - Фото Миладинов.
Изложбата која беше отворена во Пелинце на 7 ноември 2009 всушност бешее посветена на Сифрид Трајковски-Миладинов поаѓајќи од неговиот придонес во фотографската дејност, но и по повод 70 годишнинината од снимањето на првиот македонски документарен филм во колор, кој го снимил токму Сифрид Трајковски-Миладинов со назив "Галичник". Филмот ја работи ,,Галичката свадба,, во таа година, а сценариото, камерата и режијата биле негова. Богато стекнатото знаење многу ќе му користи подоцна на неговиот син Ангел Миладинов, кој по завршување на Историја на уметност на Загребското свеучилште ќе продолжи да ја доградува и усовршува дејноста на својот татко и сето она што новото го носеше со себе.
Вработувајќи се 1957 година во Телевизија Загреб, па се до својата трагична смрт во 1985 година година, Ангел Миладинов не само што ќе го обезбеди континуитетот на онаа "несекојдневна дејност" со која се бавел неговиот татко, туку истата до толку ќе ја надгради, и како уредник и режисер ќе израсне во личност која во една анкета спроведена пред петнаесетина години, хрватските новинари ќе го прогласат за личност која дала најголем придонес во развојот на ХТВ. Континуитетот кој го споменавме, и кој на некој начин оваа семејство, чии корени се длабоко во Куманово, го негува речиси еден век, денес го продолжува Иван Миладинов, еден од синовите на Ангел Миладинов и на Сандра Лангехолц-Миладинов, (вториот Кирил се занимава со филозофија) инаку на времето познатата пејачка, водителка и актерка, кој е еден од престижните ТВ и филмски режисери на ХТВ.Друштво за наука и култура
“Парадигма”- Куманово
Уредник
Димитар Масевски
Концепт
Миодраг Арсовски- Болто
Димитар Масевски
“Парадигма”- Куманово
Уредник
Димитар Масевски
Концепт
Миодраг Арсовски- Болто
Димитар Масевски
No comments:
Post a Comment