Saturday, November 28, 2009

Соколана Куманово ... Sokolana Kumanovo

1.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/81Large-3.jpg?t=1238840108
Соколана Куманово е свечено предадена во употреба на 6 септември 1931 година. Првобитната намена на Соколаната е место каде Соколското друштво на Куманово - ке го развива спортот и рекреацијата во Куманово ... Соколаната е изградена по нацрт на арх. Момир Горуновиќ и инжењер Владимир Антонов (тогашен општински инжењер ...)... Градена е неколку години и е со стил на многуте Соколски друштва ширум некогашна Краљевија Југославија ... Од почетната намена за физичкото воспитување, стари кумановци ја паметат по многуте игранки кои се организирани во Кумановска Соколана ...
Повеќе ».....

2.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/82Large-2.jpg?t=1238840883
3.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/83Large-2.jpg?t=1238840905
4.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/84Large-2.jpg?t=1238840949
5.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/85Large-1.jpg?t=1238840971
6.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/86Large-1.jpg?t=1238840991
7.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/87Large-1.jpg?t=1238841023
8.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/89Large-1.jpg?t=1238841047
9.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/810Large-1.jpg?t=1238841076
10.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/811Large-1.jpg?t=1238841097
11.
http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/812Large-1.jpg?t=1238841120
Локацијата на Соколана можете да ја видите тука ...
Фотографии и линкови за Соколана Куманово пронајдени на нет ...
http://kumanovoonline.net/kuonline/files/imgs/d_vujadinovic/Sokolana.jpg
http://www.kumanovonews.com/images/stories/urb%20plan.jpg
Првиот  Урбанистички план на Куманово - изработен во Министерството за граджништво на Кралството на СХС во Белград, поконкретно  од  инженер Душан Миросављевиќ, а одобрен од Министерот за гардежништво на Кралството на СХС. Инаку  имплементација на овој прв  Регулационен план на град Куманово, кој е пронајден годинава во Државниот Архив на Макеонија,  во збирката на Планови на Министерството за градежништво,  му била доверена на рускиот инженер Владимир Антонов кој во 1925 година бил вработен во општината Куманово како општински инженер и кој со својата стручност и познавање  донел многу новини во оваа сфера, како  и влијанија  на  експресионизмот во архитектурата кои не така често се  среќаваат на други места во Македонија. Делувањето на Антонов во Куманово, одредени автори го подредуваат  со работата на овие простори на  познатиот српски архитект Момир Коруновиќ кој во втората деценија ана 20 век ја проектирал кумановската Соколана, а  во 1937 година, по негов проект е изградена  Спомен костурницата на Ѕебрник . Дури има индикации  дека Антонов, во одреден период му помагал на Коруновиќ и на спомен  костурницата на Зебрник, а   непоредно  го решава кровот на Соколскиот дом во Куманово. Посебно е интересен неговиот проект на Занаетчискиот дом во Куманово кој што  го сместуваат  во кругот на екпресионистичко-романтичарски остваруваања во триесеттите години на минатото столетие и е во многу нешта близок  на  одредени решенија на Споменикот Зебрник и Сокалана. Како и  да се земе  Владимир Антонов, кој  во 2003 година е вброен меѓу петте  најзаначајни кумановци на 20 век, остави значајни траги во урбаното и  архитектонското   дело во градот.
И во денешно време во Соколана се организираат журки и игранки ... види тука ...
Соколското движење (чешки: Sokol) е младинско спортско движење, основано во Прага 1862 година од страна на Мирослав Тирш ... Со мали прекини движењето на соколите е одржано до денеска. Од спортските дисциплини ги застапува маршевите, мачевањето тешка атлетика ... Бидејки соколството се проширо скоро во сите словенски народи, униформата представувала спој на повеќе традиционални вредности - смеѓи руски чакшири, полска револуционерна јакна, црногорска капа и црвена гарибалдиева кошула ... Во соколските друштва осем со јачање на телото се јачал и духот и моралот на чешкиот народ, како и подигање на националната свест - која била потребна во борба против германиација а за национална слобода ...
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/7d/Sokol_sport_costumes.jpg/300px-Sokol_sport_costumes.jpg
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/c/c1/Sokol1924.jpg/300px-Sokol1924.jpg
Соколските друштва одржувале многубројни слетови а првиот е одржан во 1882 година со 1.572 учесника ... слетовите на соколските друштва странуваат традиција ... Соколското движење набрзо потоа се шири по сите словенски земји, со идеја за сесловенство ... Соколското движење е нашироко прифатено и од кралството на СХС ... во 1933 година има 942 соколски друштва со приближно  271.000 членови ... предходно имало историјат и во кралството на Србија 1904 година има 15 соколски друштва ...
По крајот на Втората светска војна комунистичкиот режим во Југославија не дозволува наставување на Соколскиото движење ... имовината на Соколските друштва е национализирана ... за иста намена се оформени спортски друштва со име “Партизан“ ... подоцна слетови се организираа кога се предаваше штафетата на младоста ...
 http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/36_1m.jpg
http://www.staroskopje.vestel.com.mk/sites/simages/36_2m.jpg

No comments:

Post a Comment

Blog Archive

About Me

Followers

Site Meter